Connect with us

Фудбал

Миранда на крајот на сезоната го напушта Интер

Бразилскиот фудбалер Жоао Миранда ќе го напушти Интер по завршување на сезоната, објавија италијанските медиуми.

Миранда е на „Џузепе Меаца“ од 2016 година кога дојде од Атлетико Мадрид.

33-годишниот Миранда има опција да се врати во Шпанија или да бара нов предизвик во англиската Премиер лига.

Пред Интер и Атлетико, Миранда играше во Сао Паоло, Сошо и Коритиба.

Има 39 настапи и еден постигнат гол за бразилскиот национален тим.