Connect with us

Фудбал

Мирљинд Даку се извини за навредите кон Македонците и Србите по натпреварот

Албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку понуди извинување по неговото контроверзно однесување на натпреварот против Хрватска, кој заврши со резултат 2:2. Веднаш по натпреварот, Даку, кој е роден во Гњилане, Косово, зема мегафон и насочува навредливи скандирања кон Македонците и Србите пред навивачите на Албанија, што предизвика негативни реакции.

Неговото однесување беше брзо осудено од Рубин Казан, клубот каде што игра на клупско ниво, и предизвика барање за казнување од страна на УЕФА. Под притисок од јавноста и можни санкции, Даку објави извинување на својот Instagram профил.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваат во секој момент. Играњето за репрезентацијата предизвикува силни емоции, и ми е жал ако сум некого ненамерно навредил. Почитувам сите и барам разбирање за моето однесување,“ напиша Даку.

И покрај неговото извинување, се очекува УЕФА да преземе мерки и можна посериозна санкција против Даку за неговите постапки.