Connect with us

Фудбал

Мирор: Тен Хаг ќе продаде 12 играчи и сака четири ѕвезди. Неговиот буџет е огромен

Фудбалскиот стручњак од Холандија, Ерик тен Хаг, во четвртокот е назначен за нов менаџер на Манчестер Јунајтед за период од три години, со можност за продолжување на договорот за уште една година. Холанѓанецот на крајот од оваа сезона ќе го наследи актуелниот привремен тренер Ралф Рангник, а Германецот ќе ја преземе советничката улога.

Британскиот весник Мирор објави дека Манчестер летово ќе сака да се ослободи од дури дванаесет играчи. Пол Погба, Немања Матиќ (кој веќе најави дека сигурно заминува), Џеси Лингард, Единсон Кавани, Хуан Мата и Грант Ли се играчи на кои договорот им истекува следното лето и тие ќе го напуштат клубот. Уште шест играчи, според Мирор, ќе одат во трансфери. Станува збор за Арон Ван-Бисака, Ерик Бејли, Фил Џонс, Алекс Телес, Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд.

Кејн и Рајс се неговите најголеми желби, но има и план Б.

Тен Хаг има две големи желби. Првиот е Хари Кејн, кого Јунајтед го посакуваше долго време, па за очекување е оваа работа да се реализира на лето. Покрај него, идниот тренер на Јунајтед сака да го доведе и Деклан Рајс од Вест Хем, а доколку не успее има некои резервни решенија.

Кејн на лето влегува во последната година од договорот, ќе наполни 29 години и тоа е последен момент за Тотенхем сериозно да заработи од својот најдобар играч. Не е тајна дека англискиот репрезентативец сака да го промени клубот. Деклана Рајс го бараат уште некои клубови, а најголем проблем е цената. Вест Хем наводно бара дури 170 милиони евра за англискиот репрезентативец, но Јунајтед наводно може да си го дозволи тоа.

Доколку не успее да го доведе дуото Кејн-Рајс, Холанѓанецот наводно има план Б, во кој во Манчестер би можеле да дојдат двајца поевтини играчи – центарфорот на Бенфика, Дарвин Нуњез и португалскиот играч за врска Рубен Невес.