Фудбал
Мирослав Клосе претставен во Баерн!
Поранешниот германски напаѓач Мирослав Клосе се вратил во Баерн Минхен.
Клосе беше доста успешен во Баерн, одигра 149 натпревари за Баварците во четири сезони и освои шест трофеи со 53 постигнати голови.
Повторно доаѓа, претставен од директорот Хасан Салихамиџиќ, но секако Клосе нема да игра, неговата задача е да го тренира тимот У17 на германскиот шампион.
Ова е само уште еден доказ за тоа колку Баерн посветува внимание на младите играчи, а со помош на Клосе не постои сомнеж дека Баварците ќе имаат многу талентирани играчи во иднина.
“Стварно се радувам што ќе работам во академија на Баерн и со нетрпение чекам да ја започнам новата животна авантура. Сакам навистина да им помогнем во развојот на млади фудбалери”, рече Клосе на презентацијата.