Фудбал
„Мислев дека Рамос ќе го имитира Меси во шеснаесетникот“
Голманот на Гетафе, Сорија зборуваше по поразот од Реал Мадрид.
„На вакви натпревари грешките се плаќаат скапо. Според мое мислење, нерешено ќе беше најдобриот резултат. Го добиваме темпото што го изгубивме за време на долгата пауза поради Ковид-19. Големите натпревари ги решаваат деталите. Во ниту еден од нив не сме инфериорни. Пеналот на Рамос? За тоа можам да зборувам од голмански аспект“„
“Прво гледам со кого се соочувам, а потоа донесувам одлука на која страна ќе скокнам. Ја погодив страната на Рамос, но за малку и не успеав да ја фатам топката. Всушност, мислев и дека ќе применува Паненка. Познавајќи го Рамос, мислев дека ќе го имитира Меси во изведувањето на пенали. Всушност, тој шутираше силно по земја и постигна гол“.