Connect with us

Други спортови

Младата Софија која доживеа кошмарен инцидент, се огласи за својата состојба (ВИДЕО)

Големите љубители на автомобилизмот ова утро се разбудија со една потресна вест од трката во Макау, откако младата германска возачка Софија Флорш со огромна брзина ја проби заштитната ограда и заврши во безбедниот простор со преполовен болид.

Сликата беше навистина страшна и повторените снимки покажаа дека 17-годишната Софија во моментите на излетување возела со над 250 километри на час, брзина која предизвика болидот да полета во воздух и да заврши во оградата.

Дефинитивно, вистинска среќа е што Софија не претрпе животнозагрозувачки повреди, а првата позитивна вест ја пренесе и нејзиниот татко кој потврди дека неговата ќерка има скршеница на ’рбетот, со тоа што во прв момент може да ги движи сите екстремитети.

Набрзо после оваа изјава на таткото на Флорш, се огласи и младата возачка која се натпреварува во Формула 3.

– Само сакам да им кажам на сите дека сум добро и дека утре ќе имам операција. Голема благодарност до ФИА и до Мерцедес тимот кои се грижат за мене. Благодарност до сите за пораките за поддршка. Наскоро ќе има нови информации, – гласи објавата на младата Софија која дефинитивно денеска и погледна на смртта во очи.