Connect with us

Фудбал

Младата ѕвезда на Бразил го кажа тоа што Солскјер сакаше да го слушне: Одлично би се вклопил во Јунајтед

Младата бразилска ѕвезда, Евертон изјави дека е заинтересиран да премине во редовите на Манчестер Јунајтед.

Евертон сега е со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка, а во првиот натпревар против Боливија во 85. минута беше автор на третиот гол.

Иако после натпреварот зборувајќи за „Sportsmail“ кажа дека сака да зборува само за репрезентацијата, набрзо призна дека неговиот стил на игра би се вклопил во Манчестер Јунајтед.

„Јас сум играч кој секогаш се обидува да дојде до голот пробивајќи се по левата страна и добар сум во завршницата. Клубовите во Европа имаат свој стил на игра и можеби би се вклопил во Манчестер Јуанјтед или во други клубови“, кажа Евертон.

После одличната форма на Евертон во дресот на Гремио, па головите на Копа Либертадорес, Манчесгтер Јунајтед и Манчестер Сити се покажаа како нај сериозни кандидати за неговиот потпис.

Покрај овие два клуба, ПСЖ и Милан исто така покажаа интерес, а иако клубовите очекуваа дека ќе можат да го донесат за од 27 до 36 милиони фунти, сепак изгледа дека тоа ќе биде малце потешко.

Имено, Претседателот на Гремио, Ромилдо Болзан Жунио претходно кажа дека клубовите кои сакаат да го донесат Евертон мораат да ја активираат клаузулата од 71 милиони фунти, а двата клуба од Манчестер се надеваат дека ќе ја спуштат цената.

Евертон има 23 години и за Гремио настапува во 2014. година, а досега има одиграно 210 натпревари и постигна 49 голови.