Connect with us

Тајмаут

Младиот кошаркар сонуваше да игра во НБА лигата, загина во војната во Украина

Бохдан Попова се откажа од кариерата, зеде оружје и се бореше да ја одбрани својата татковина. Тој е уште еден украински спортист кој загинал во војната.

Украина дванаесет дена се брани од руската инвазија. На помош дојдоа многу цивили кои сакаат да ги запрат Русите, а еден од нив беше Бохдан Попова. Станува збор за талентиран украински кошаркар кој настапувал во младинска конкуренција.

Тој сонувал како и многу негови врсници да игра во НБА лигата, а украинските медиуми пренесуваат дека загинал за време на војната во која сакал да му помогне на својот народ. Се уште не се познати точните околности на неговата смрт.

Во конкуренција на младиот Попов имаше просек од 13 поени и 19 скока по натпревар. „Kviv Independent“ објави дека кошаркарот сонувал да игра за UCLA Bruins, кој игра во NCAA.

Потсетуваме дека руските војници ја нападнаа Украина на 24 февруари и оттогаш украинската армија со сите сили се бори против агресорот кој ги бомбардира тамошните градови и се обидува да го заземе главниот град Киев.

Во последните неколку дена се зголеми бројот на цивилни жртви, а загинаа и оние кои се обидоа да ги напуштат воените зони со своите деца и да заминат во помирни области.