Connect with us

Фудбал

Многу странци ја напуштаат Русија, Дејан Ловрен реши да остане

Според генералниот директор на Зенит, Александар Медведев, хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен нема да го напушти рускиот клуб.

Многу странски фудбалери си заминуваат од Русија по строгите санкции што ги воведоа западните земји, а ФИФА вчера ги израдува сите бидејќи им дозволи без обештетување да потпишат договор со друг клуб надвор од Русија и да бидат таму барем до крајот на сезоната.

Многумина ќе ги искористат овие овластувања, но се чини дека Ловрен не е од оние кои сега ќе ја напуштат Русија. Тој моментално е под договор со рускиот гигант Зенит и се чини дека тоа нема да се промени.

„Ловрен има намера да го напушти Зенит? Оваа информација во никој случај не е точна“, изјави Медведев во интервју за рускиот портал Спорт24.