Connect with us

Фудбал

Модриќ ова го направи за прв пат откако е во Реал, му се заблагодари на Роналдо

Фудбалерите на Реал Мадрид во саботата одиграа одличен натпревар и го турнаа на колена Села Виго со тоа што дури шест пати успеаа да ја затресат мрежата на противникот.

Најповеќе во текот на натпреварот се истакна Герет Бејл кој постигна два гола во 13. и 30. минута, а добро одигра и хрватскиот репрезентативец Лука Модиќ.

Капитенот на хрватската репрезентација го намести првиот голот во 13. минута и од тука тргна големата победа од 6:0. За Лука ова е седма асистенција во текот на сезоната, а досега не успеал да постигне ваков успех во изминатите сезони откако стигна во кралскиот клуб.

Интересно е тоа што, неговите асистенции во голови беа претворани само од двајца играчи, Кристијано Ронало и Герет Бејл. Лука со португалецот има споделено четири асистенции, а три со Бејл.

Хрватскиот репрезентативец е веќе шеста сезона во дресот на Реал Мадрид и досега споделил 26 асистенции, од кои 13 биле постигнати голови. Во првата сезона имаше пет асистенции, во втората шест, во третата, четвртата и петтата по три, а во оваа дури седум.