Connect with us

Фудбал

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал, би играл во Лигата на шампионите во дресот на друг гигант

Лука Модриќ добива се поголема доверба од Карло Анчелоти во Реал и сите фанови на кралскиот клуб чекаат вести дали хрватскиот магионичар ќе остане во главниот град на Шпанија. 38-годишниот Модриќ на почетокот на сезоната не добиваше голема минутажа и неговата улога во Реал беше спорадична.

Сепак, како што сезоната се приближува кон крајот и како што доаѓаат се поважни натпревари, Модриќ игра се поважна улога во тимот, а тоа може да значи само едно – дека Лука ќе го продолжи договорот со Реал на уште една сезона, иако ниту тој, ниту клубот не даваат никакви информации поврзани со нивното евентуално продолжување на соработката.

Сепак, дури и Реал да не му понуди нов договор, Модриќ веќе има подготвен „план Б“. Интерес за Модриќ веќе пројавија клубови од Динамо, Интер Мајами, Целје и Саудиска Арабија, но тој сака да продолжи да игра во Лигата на шампионите, а тоа ќе му биде понудено во случај да замине од Реал.

Имено, италијанскиот TuttoMercato тврди дека Јувентус е заинтересиран да го доведе Модриќ и ќе му понуди договор во случај да замине од Реал. Јувентус е познат по тоа што сака искусни играчи и не се откажува така лесно од нив, па Модриќ сигурно би добил соодветна минутажа и можност да игра за друг европски гигант во Лигата на шампионите.