Connect with us

Фудбал

Модриќ: Пораснав во војна и никому не му го посакувам тоа

Лука Модриќ е следниот фудбалер кој зборува за неодамнешната тензична ситуација во Украина, која беше воено нападната од Русија.

Хрватскиот фудбалер посакува што поскоро да се прекине војната и да се врати светскиот мир.

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид ги чувствува Украинците во своја кожа откако доживеа таква ситуација во војната што се случи во поранешна Југославија.

„Пораснав во војна, за време на војната и не го посакувам ова на никого. Во секој случај, мора да го запреме ова, каде што умираат невини луѓе. Сакаме да живееме во мир“, изјави хрватскиот фудбалер.