Connect with us

Фудбал

Мохамед Салах ги прекина гласините и откри дали следната сезона ќе игра во Ливерпул

Навивачите на Ливерпул се во страв од заминувањето на најдобриот играч на тимот Мохамед Салах ова лето, а сега Египјанецот проговори и ги отстрани сите сомнежи за неговата судбина на „Енфилд“. Египќанецот неодамна имаше жестока расправија со менаџерот на Ливерпул при влегувањето на натпреварот против Вест Хем.

Јирген Клоп го внесе во игра дури во 79. минута од натпреварот наместо Луис Дијаз, што очигледно не му се допадна на Салах, па тој и германскиот селектор се скараа.

По натпреварот, Салах им кажа на новинарите дека „ќе има оган ако зборува“, а сите навивачи на Ливерпул мислеа дека неговата авантура на „Енфилд“ е завршена. Клоп подоцна ги смири страстите и изјави дека двајцата ги измазнуваат односите, но навивачите на Ливерпул до вчера беа скептични за судбината на Салах.

Салах кој следниот месец ќе го прослави својот 32 роденден реши да стави крај на сите гласини и изјави дека и следната сезона ќе остане во Ливерпул.

-Знаеме дека само трофејите се бројат и ќе направиме се за да ги освоиме следната сезона. Нашите навивачи го заслужуваат тоа и ќе се бориме како пекол за нив“, изјави Салах.

Салах пристигна во Ливерпул во летото 2017 година од Рома и постигна 211 гола со 89 асистенции на 349 натпревари. Неговиот актуелен договор е до крајот на следната сезона.