Connect with us

Фудбал

Мохамед Салах повторно избран за најдобар африкански фудбалер на годината

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах повторно беше избран за најдобар африкански фудбалер на годината.

Салах беше во конкуренција со Саидо Мане и Пјер-Емерик Обамејанг кога е во прашање ова престижно признание.

Тој минатата година со Ливерпул играше во финалето на Лигата на шампионите, а исто така беше и прв стрелец во Премиер лигата со 32 постигнати голови.

За потседување, Салах во декември го освои признанието на „BBC“ за африкански фудбалер на годината.