Поврзи се со нас

Фудбал

„Мојата земја може да не ме прифати поради бојата на кожата“

Новиот играч за врска на Јувентус, Вестон Мекени, изјави дека претставува земја што можеби не го прифаќа поради бојата на кожата.

МекКени беше меѓу првите што му оддадоа почит на Џорџ Флојд за време на еден натпревар во Бундеслигата за поранешниот клуб Шалке, додека носеше лента со натпис „Правда за Џорџ“. Флојд, кој беше црнец, беше убиен во Минесота откако бел полицаец клекна на неговиот врат повеќе од седум минути. Убиството ги предизвика протестите „Black Lives Matter “, во градовите низ Соединетите држави.

22-годишниот Американец летово се пресели во Јувентус.

„Оваа година, на почетокот на сезоната, игравме и навивачите пуштаа мајмунски звуци по натпреварот. Поразително е. Дојдов дома во Далас со мајка ми и се плашам да возам ноќе, бидејќи не знам што може да се случи ако ме запрат. Јас ја претставувам земјата, што не може да ме прифати само поради бојата на кожата“, рече американскиот репрезентативец.

„Дефинитивно е малку вознемирувачко. Кога ја носев лентата, почувствував дека е должност и одговорност: Едноставно почувствував потреба да ја подигнам свеста во странство. Добив голема поддршка, но има многу од оние што ме мразат сега. Нема да молчам, човекот го изгубив животот поради бојата на кожата. Не сакам само да бидам познат како одличен фудбалер, туку сакам да бидам познат и како големо човечко суштество и како одлична личност. Ја сакам оваа верзија на себеси“, рече тој

Advertisement

Facebook

Реклама