Connect with us

Фудбал

Мојс официјално нов тренер на Вест Хем

Вест Хем денеска го назначи Дејвид Мојс за нов менаџер кој доаѓа на местото на отпуштениот Славен Билиќ.

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Евертон и Сандерленд потпиша две и пол годишен договор со Вест Хем.

Се очекува уште попладне тимот да тренира под раководство на 54-годишниот шкотски фудбалски стручњак.

Мојс го очекува тежок предизвик, да го извади клубот од тешката резултатска криза.

По 11 рудни во Премиер лигата „чеканите“ се наоѓаат во зоната на испаѓање. Со само две победи и три нерешени средби, односно девет бода Вест Хем е на 18. место, далеку од амбициите што ги негуваше пред почетокот на шампионатот.