Connect with us

Ракомет

Моќната Данска на полувреме со предност од 4 гола против Македонија

Македонската ракометна репрезентација во моментов го игра натпревар во рамките на Европското првенство против Данска. Нашата репрезентација на полувреме заминува со негатива од 4 гола (11:15).

Македонија одлично го започнаа натпреварот. Нашите ракометари играа одлично во одбраната и нападот, одличен на голот беше и Митревски, па во воведните минути од натпреварот направија серија од 4 гола.

Потоа следеше серија од 4 гола на Данска за прво изедначување на резултатот во 13. минута од натпреварот.

Во 16. минута од натпреварот Данците дојдоа до првото водство на натпреварот од 6:5.

Во 24. минута од натпреваро репрезентацијата на Данска доаѓа до +3 (12:9), и оваа разлика успеа да ја задржи до самиот крај на првото полувреме.

Генерално, нашите ракометари одиграа едно од подобрите, а можеби и најдобро полувреме на Европското првенство и покрај тоа што на полувреме заминаа со негатива од 4 гола (11:15).