Connect with us

Фудбал

Молк во Реал: Мбапе одлучи, потпишува на две години, а за потписот ќе добие 100 милиони!

Нешто шокантна и разочарувачка вест од Париз пристигнува за сите фанови на Реал Мадрид и се однесува на играч кој веќе е виден како новиот Галактикос.

Сите го гледаа францускиот напаѓач во дресот на Лос Бланкос од следната сезона, но последните информации велат дека тоа нема да биде така.

Имено, угледниот Le Parisien вечерва ја пласираше веста дека Мбапе ќе остане во ПСЖ, со кој договорил нова двегодишна соработка.

Според парискиот весник, Мбапе ја прифатил најновата понуда на ПСЖ вредна 50 милиони евра по нето сезона.

https://twitter.com/hadrien_grenier/status/1522276569062027264

Но, она што изгледа неверојатно е дека тој ќе добие цифра од цели 100 милиони евра за потпишување на договорот доколку потпише пред јуни.

ПСЖ е убеден дека продолжувањето на договорот е прашање на денови по отстранувањето на последните формалности, што ќе се случи многу брзо.

Ситуацијата се менува од ден на ден со недели. Мбапе е во Мадрид еден час, а во Париз останува еден час. Така, најновите вести не се изненадување.

Репрезентативецот на Франција сезонава постигна 35 гола со 23 асистенции и навистина игра фантастично, но ја нема поддршката од соиграчите, што најдобро се виде во осминафиналето од Лигата на шампионите кога ПСЖ загуби од Реал.