Connect with us

SPORTM.mk

Момчето кое ја „сруши“ Барселона на „Енфилд“ сега покажа дека ќе биде вистински ѕвер

За натпреварот помеѓу Ливерпул и Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2019 година и денеска се зборува поради неверојатниот пресврт на англискиот клуб.

Барселона го доби првиот натпревар на својот стадион со 3:0 и речиси сите беа сигурни дека Каталонците ќе одат во финалето и ќе го исфрлат Ливерпул, но во реваншот доживеаа вистински шок.

Ливерпул успеа да направи чудо на „Енфилд“ и да ја победи Барселона со 4:0, што е еден од најголемите неуспеси што сме ги виделе во Лигата на шампионите.

Во неверојатна атмосфера на „Енфилд“, „црвените“ успеаја да постигнат дури четири гола против Барселона, која изгледаше целосно загубено во текот на сите 90 минути, а играчите на овој клуб не можеа да поверуваат што им се случува во Ливерпул.

Сепак, еден погодок го одбележа овој натпревар, а тоа беше гол за 4:0 во 79. минута, кој го постигна Дивок Ориги.

Ливерпул во тој момент веќе имаше водство од 3:0 што гарантираше продолженија, но потоа во 79. минута англискиот тим неверојатно успеа да ја изненади одбраната на Барселона и да го постигне четвртиот гол.

Како што веќе сите знаат, Трент Александер-Арнолод брзо и неочекувано изведе корнер, а топката во шеснаесетникот стигна до Ориги, кој погоди за 4:0 и ерупција од ентузијазам на Енфилд.

Сепак, по натпреварот во центарот на вниманието беше момчето кое извонредно реагираше при корнер, откако веднаш му ја додаде топката на Александер-Арнолд што му дозволи на десниот бек на Ливерпул да го направи тоа што подоцна го направи.

Неговото име е Окли Канониер и повеќе не е момче и сега има 15 години и се уште е член на Ливерпул.

Игра за јуниорите на Ливерпул, а пред неколку дена покажа дека е голем талент. Во младинската Лига на шампиони, Канониер се најде во центарот на вниманието кога постигна хет-трик против Ајакс.

Ливерпул го доби овој натпревар со 4:0, а Канониер постигна хет-трик и повторно беше главна тема на навивачите на овој клуб кои му порачаа на Јирген Клоп дека ова момче ја заслужи можноста да дебитира за првиот тим.

Овој тинејџер импресионираше со своите настапи и минатата сезона, кога постигна 41 гол во сите натпреварувања. Дали ќе добие шанса со Клоп, останува да видиме.