Фудбал
Моментот кога судијата го вклучи турбото: Судијата ги „престигна“ дефанзивците како да е на автопатот (ВИДЕО)
Не е вообичаено судиите да бидат побрзи на теренот од играчите, но понекогаш и тоа се случува.
Швајцарскиот судија Федеј Сан изведе неверојатен спринт за време на натпреварот Тун – Ксамакс (3: 0) кога ја следеше акцијата на домашната екипа.
Овој 37-годишен судија го вклучи турбо како на спортски автомобил и трчаше многу побрзо од дефанзивците на Ксамакс, кои како да не беа на теренот.
Патем, тоа се случи за време на акцијата за третиот гол во четвртата минута од судиското надополнување. Свесни дека загубија играчи беа деморализирани и не беа баш заинтересирани да го спасат својот гол.
Сепак, дури и недостатокот на интерес на играчите на Ксамакс за играта не може да го намали навистина импресивниот спринт на судијата Сан.
The referee was faster than their defence pic.twitter.com/yOSryZkXzq
— Troll Football Media (@Troll__Footbal) July 13, 2020