Connect with us

Фудбал

Мончи може да ги израдува фановите на Роам: Синот на легендарниот напаѓач доаѓа во Рим

Спортскиот директор на Рома, Мончи може да ги израдува навивачите на Рома со тоа што во летниот преоден рок ќе донесе еден многу талентирани играчи во Рим.

Се работи за Џастин, крилниот фудбалер на Ајакс кој е син на легендарниот напаѓач на Барселона, Патрик Клајверт. Станува збор за фудбалер кој е на мета на голем број европски гиганти, вклучувајќи ги Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челзи, но италијанските медиуми објавија дека тој е засега најблиску до Рома.

Клајверт има само 19 години, а досега во оваа сезона, тој постигна 10 гола и пет асистенции. Тој може да игра на позиција на левото и десното крило. Интересно е тоа што неговиот договор истекува следното лето, а од Ајакс одбиваат да потврди дека тој ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Покрај Рома и споменатите клубови од Англија, за неговите услуги се заинтересирани и Милан и Јувентус, но според предвидувањата на странските медиуми Рома е најблиску до неговиот ангажман.

Тој најверојатно ќе добие многу простор за играње во Рома следната сезона, бидејќи „Волчицата“ нема многу решенија за крилни позиции, особено откако тимот го напушти Мохамед Салах.