Connect with us

Фудбал

Монтела горд и покрај поразот

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела е горд на својот тим и покрај поразот од Интер од (3:2) во градското дерби одиграно синоќа.

– Навистина сум горд и ако играме на овој начин, нема да губиме. Неправедно е што не освоивме барем еден бод, бевме на добар пат. Тешко е да се воведе нов проект со толку многу нови играчи, посебно кога немате доволно време за воигрување, изјави Монтела.

Останува да се види реакцијата на раководството кое во летниот преоден рок за засилувања потроши преку 200 милиони евра и имаше високи амбиции.

Милан по осум одиграни натпревари во Серија А веќе има четири порази и големо заостанување од 12 бода зад лидерот Наполи.