Connect with us

Фудбал

Монтела: Кутроне е мој производ

Поранешниот тренер на Милан, Винченцо Монтела си ги препиша заслугите за развојот на новото откритие на клубот од „Сан Сиро“ Патрик Кутроне.

Монтела кој сега е тренер на Севиља, изјави дека новиот голгетер на Милан е негов производ.

Кутроне дебитира за Милан токму кај Монтана во почетокот на сезоната, а од почетокот на годинатаигра во одлична форма и стана главен реализатор на „росонерите“.

– Среќен сум што Кутроне добие покана за репрезентацијата на Италија. Се чувствувам како мене де ме повикале. Во голема мера сметам дека Кутроне е мој производ. Работевме многу со него. Најголем квалитет му е огромната желба да напредува и тоа ќе го однесе далеку. Тој е иднината на италијанската репрезентација, смета Монтела.

Италијанскиот фудбалски стручњак е убеден дека ќе успееше во намерата Милан да го врати на старите патеки, но според него, недоволното трпение на навивачите и раководството биле причина за негово заминување од Милано.

– Со 10 нови играчи кои беа без големо искуство не беше можно да се направат резултати преку ноќ. Ни требаше време за адаптација, но…

Монтела со Севиља успеа да избори четвртфинале во Лигата на шампионите.