Други спортови
Мора да направиме подобро натпреварување
Еден од најдобрите снукер играчи, Рони О’Саливен, најави дека е подготвен да формира и организира паралелно натпреварување и на тој начин да ја направи играта поатрактивна и исполнета со многу поквалитетни дуели, а помалку турнири.
- Очекувам четири или пет незадоволни играчи, подготвен сум за акција и ако некој да ми понуди да играм на друга платформа, ќе се приклучам уште утре. Сакам да играм на квалитетни турнири, во добри сали, против квалитетни ривали, тоа е она што ме инспирира. Актуелниот календар е интересен за многумина, но не за секого. Трпелив сум затоа што сметам дека можам да играм уште 15 години, нема потреба од брзање, вели О’Саливен.