Connect with us

Ракомет

Мораеш успешно опериран – се враќа за двa месеци

Бразилскиот интернационалец во Вардар, Рожерио Мораеш имаше успешна операција на коленото. Подолго време нашиот пивотмен има проблеми со менискусот, а покрај тоа имаше интервенција и на рскавицата. Сега следува период на рехабилитација и за шест седмици би требало да почне да тренира со екипата.

Според првичните прогнози Мораеш ќе паузира два месеци пред целосното враќање на таренот и треба да биде целосно подготвен за пролетниот дел од сезоната.
До крајот на месецов и на почетокот на декември Вардар треба да одигра уште три средби од Лигата на шампионите, и уште пет натпревари од СЕХА Газпром лигата.

Следниот меч Вардар го игра викендов во ЛШ против Барселона во гости.