Connect with us

Фудбал

Мората: Буквално ме молеа да не ја избирам „деветката“ бидејќи е проколната

Последен фубалер кој го носеше дресот со број девет во Челси е Џими Флојд Хазелбанк и успеа да ги оправда очекувањата со головите кои ги постигнуваше.

По него, овој дрес го носеа имиња како Матеја Кежман, Фернандо Торес, Франко ди Санто и Фалкао, но тие се претворија во големи разочарувања, што беше доволно „деветката“ да биде прогласена за проколната бројка во Челси.

Мората во својата прва сезона во лондонскиот клуб успеа да го прекине „проклеството“ иако вели дека неговите соиграчи го советувале да го избегне овој број.

„Тоа беше една од првите работи која ми ја кажаа новите соиграчи. Буквално ме молеа да не ја избирам „деветката“ бидејќи е проколната, но јас ја сакав по секоја цена. Направив неколку работи за да ја избегнам лошата среќа. Што направив? Не можам да ви кажам бидејќи проклетството ќе се врати“ – изјавил Мората за магазинот „Форфорту“.

Тој има досега постигнато 7 гола во 12 одиграни натпревари.