Connect with us

Фудбал

Мората: Денес ме навредуваат на улица, а никој не знае низ што се сум поминал

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората на почетокот од оваа сезона пристигна како голем засилување во Челзи од Реал Мадрид, но не успеа да ги оправда очекувањата на Стемфорд Бриџ.

Челзи плати речиси 70 милиони евра за Мората, и се чинеше дека шпанскиот напаѓач ќе биде голем засилување и вистински погодок. Мората феноменално ја започна сезоната во новиот клуб, но само по неколку недели сето тоа падна во водата.

Мората играше, но тој не успеваше да постигне гол или да остави добар впечаток кај теренот. Неодамна од Челзи соопштија дека Мората има големи проблеми со повредата на грбот, која се уште му пречи на Шпанецот. Мората направи голема грешка во обидот да игра, иако беше свесен дека е подобро да паузира, но желбата за топката беше посилна.

„Ова е за мене најтешката сезоната во мојата кариера, а започна феноменален. Видов дека сите ме сакаа, постигнував голови, но сега сето тоа е друга приказна. Кога луѓето ме среќаваат на улица сешто ми дофрлуваат, а никој од нив не знае низ што се поминав, тоа го знае само мојата сопруга“, рече Мората и продолжи:

„Најдобро ќе беше да го повредев мускулот и да бев надвор од теренот три месеци. Вака живеев во незнаење, чувствував болка, но никој не знаеше во што е проблемот. Сакав да играм, иако подоцна откривме дека повреден ми е грбот. Тогаш мојата сопругата се породи и јас само сакав да играм и да постигнам гол посветен на бебето. Но тоа беше една голема грешка, бидејќи не можеве да се движам. Морав да престанам со тоа, бидејќи кога си повреден тоа е тоа, на сила не можеш ништо“.