Connect with us

Фудбал

Мората ќе прифати помала платата за да се врати во Јувентус

Шпанскиот напаѓач на Челзи, Алваро Мората е подготвен да ги намали финансиските побарувања, за да се врати во Јувентус, тврди „Кориере дело Спорт“.

„Бјанконерите“ имаат голема желба да го вратат дваесет и шестгодишниот стрелец. Мората во исто време е подготвен да прифати драстично помала плата за да се врати во Јувентус.

Во моментов, Мората добива околу 10 милиони евра годишно во дресот на „сините“.

Според информациите, тој е подготвен на надомест од 7,5 милиони евра по сезона за да се врати во Јувентус.

Челзи бара 80 милиони евра за Мората и најверојатно нема да биде подготвен да го продаде напаѓачот за помал износ.