Connect with us

Фудбал

Морати како Берлускони, ова ќе биде неговиот нов клуб

Масимо Морати се враќа во фудбалот. Тој како и Силвио Берлускони, ќе купи нов клуб. Берлускони ја купи Монца, која до пандемијата со коронавирусот беше лидер и наредната година сигурно ќе игра во Серие Б.

Маримо Морати преговара со сегашниот сопственик на Кремонезе. Овој тим е во втората лига и се обидува да обезбеди опстанок, а минатата година вложи многу пари во обид да го врати во Серие А.

Инаку, Морати порано размислуваше за Реџина, Кремонезе е пореална опција, бидејќи градот на овој тим е поблиску до Милано.