Connect with us

Фудбал

Може да си бара нов клуб: Јувентус одреди цена за Игуаин

Јувентус го „затресе“ фудбалскиот свет откако Кристијано Роналдо потпиша за овој клуб, но стана јасно дека еден од напаѓачите на „Старата дама“ ќе мора да бара нов клуб. Масимилиано Алегри сега на располагање има вишок напаѓачи и јасно е дека барем еден од нив ќе мора да ја побара среќата во некој друг клуб.

Се шпекулира дека тоа ќе биде Игуаин кој веќе се поврзува со некои клубови. Интерес за Аргентинецот покажуваат Челзи и Милан, но официјална понуда се уште не пристигна. Наводно, Јуве одлучи дека Игуаин ќе биде тој што ќе го напушти клубот, и ја чекаат првата понуда.

Како што пишуваат медиумите во Италија, во Јувентус веќе одредиле цена за Игуаин и дека ќе го пуштат да замине за 60 милиони евра. Пред неколку години Јуве за Игуаин палти речиси 100 милиони евра, но свесни се дека не можат толку да заработат од неговото продавање и подготвени се да го продадат за 60 милиони евра.