Фудбал
Можно е Динамо Загреб со Адеми и Ристовски да гостуваат во Скопје, еве зошто!
Можниот ривал во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, на тимот Шкупи е Динамо Загреб на Арјан Адеми и Стефан Ристовски. Ова беше познато по жрепката во Нион за второто квалификациско коло.
Во првото коло, македонскиот шампион игра против Линколн Ред Импс од Гибралтар, а секако со оглед на тоа дека е фаворит, за очекување е пласман во второто квалификациско коло. Таму ќе го чека Динамо Загреб. Евентуален ваков двомеч со Динамо Загреб посакува сигурно и тренерот на тимот од Чаир, Гоце Седлоски кое своевремено играше за хрватскиот најтрофеен клуб .
Но, останува прво да се помине претставникот од Гибралтар кој сигурно не може да се сфати како лесен противник. Натпреварите од второто кол ово квалификациите се играат на 19/20 јули и 26/27 јули.