Connect with us

Фудбал

Му го украле медалот на тренерот на Милан, а потоа ја направија најголемата глупост (ФОТО)

По прославата на титулата, тренерот на Милан, Стефано Пиоли откри дека некој му го украл медалот. „За време на прославата ми го украдоа медалот. Би ви бил многу благодарен доколку јавно порачате да ми го вратат. Тоа е единствениот медал што го имам“, изјави Пиоли.

Иако многумина веруваа дека на медалот му се губи секоја трага, сепак се случи сосема спротивносто. Крадците кои му го украдоа медалот на тренерот на Милан направија неверојатна глупости бидејќи сето тоа го објавија во јавноста.

Тие објавија фотографија на Инстаграм и го означија официјалниот профил на Милан, а набргу потоа еден од нив објави дека продава медал.