Connect with us

Фудбал

Му пропадна трансферот во Ливерпул, но судбината ќе му се одолжи, следува повик од шпанскиот гигант

Набил Фекир минатото лето се пресели од Лион во Реал Бетис, но кариерата би можел да ја продолќи во Реал Мадрид. Како што пренесуваат шпанските медиуми, „Кралскиот клуб“ е заинтересиран за плејмејкерот на тимот од Севиља.

Бетис во јули 2019-та година плати 20 милиони евра на Лион за играч кој една година претходно беше на чекор до Ливерпул за 70 милиони евра.

Сепак, Фекир не успеа да ги помине лекарските прегледи кај „Цтвените“, но откако стана првак на светот со Франција, се пресели во Шпанија.

Во зелено-белиот дрес покажа дека е здрав и дека е во одлична форма, на 22 меча постигна седум голови и запиша шест асистенции во шпанската Ла Лига.

Шпанскит медиуми шпекулираат дека Реал Мадрид на Бетис би можел да му понуди 25 милиони евра плу Дани Себаљос кој оваа сезона игра на позајмица во Арсенал.