Connect with us

Фудбал

Мурињо бесен: „Доаѓам овде повеќе од 20 години, како е можно сега теренот да е толку лош?“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо го подготвува тимот за мечот со Витесе во осминафиналето на Конференциската лига.

Рома утре го игра првиот натпревар во Холандија, а Мурињо го критикува домаќинот за очајниот терен на стадионот.

„Ја започнав кариерата со Луј ван Гал, па можам само да му изразам благодарност на него и на Холанѓаните. Сепак, со оглед на лошата состојба на теренот сега, можеби се менува напаѓачкиот холандски пристап? Доаѓам во оваа земја повеќе од 20 години и теренот секогаш беше во одлична состојба. Не разбирам како е тоа можно“, рече Мурињо и додаде:

„Ова е изненадување за мене, бидејќи ова е првпат да играм во Холандија на терен кој не е погоден за фудбал. Ќе биде многу тешко да се игра, но ние сме тука да постигнеме добар резултат и да дојдеме до четвртфиналето“.

Го прашаа дали ќе има ротација во тимот, а Португалецот рече дека ќе пријави најсилна екипа.

“Нема да има ротација или изненадувања, ќе играме со најсилните играчи. Нашите цели оваа сезона се јасни и секој натпревар ни е подеднакво важен”.

Натпреварот Витесе-Рома се игра во четврток од 18.45 часот на стадионот „ГеиреДом“ во Арнем, а ќе го суди полскиот судија Рачковски.