Connect with us

Фудбал

Мурињо: Челзи постигна феноменален резултат против нас

Бод на „Стемфорд Бриџ“ секогаш е добредојден, но денес Манчестер Јунајтед испушти да освои три, изјави менаџерот на клубот Жозе Мурињо по ремито против Челзи со 2:2.

– Бод на „Стемфорд Бриџ“ секогаш е добро достигнување, бидејќи на сите тимови им е тешко да победат тука. Но, по овој натпревар и начинот на кој тој помина, за нас резултатот не е добар и е феноменален за нив. Игравме многу добро. Сите наши фудбалери беа на многу високо ниво, особено во второто полувреме. Напаѓачите покажаа класа, а дефанзвците беа солидни. Задоволен сум од сите, рече тој.

Пред натпреварот Мурињо вети дека нема да се радува на гол во корист на Манчестер Јунајтед и по средбата зборуваше на оваа тема.

– Не го направив тоа, но и не добив почит од другата страна. Тоа сепак е надвор од мојата моќ. Имам одредено ниво на одговорност и денеска го покажав тоа. Ќе го направам истото и во Порто, Мадрид и Милано. Секогаш се трудам да се однесувам соодветно, но реакцијата на навивачите зависи од самите нив, додаде Португалецот.

МИА