Connect with us

Фудбал

Мурињо: Да се победи шампионот треба да се биде добро организиран

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо беше исклучително задоволен од победата над Челзи со 2:1.

– Победивме фантастичен тим. Поради некоја причина тие станаа шампиони минатата сезона и поради некоја причина играа добро против Барселона пред некој ден и поради некоја причина добро го почнаа натпреварот. Значи, победивме многу добар тим. Требаше да бидеме организирани, секој мораше да ги почитува планот и да има карактер, изјави Португалецот.

Мурињо смета дека добро го затвориле Азар и според него тоа е една од причината за триумфот над шампионот.

– Победата не е посебна, бидејќи е Челзи, туку затоа што го победивме шампионот, додаде предводникот на Јунајтед.