Connect with us

Фудбал

Мурињо: Дали сум задоволен од екипата? Го знаете мојот одговор

Манчестер Јнајтед вечерва игра против Тотенхем во последниот натпревар од третото коло во Премиер лигата.

После победата над Лечестер (2:1) и поразот од Брајтон (3:2) Јунајтед го пречекува Тотенхем. Победата е императив, но „ваков“ Јунајтед не може да се смета за фаворит, дури ни на „Олд Трафорд“.

Ок, дали тоа е екипа која треба да биде шампион, која има големи ѕвезди и го има Мурињо на клупата, но како што играше во првите две кола, тешко може да му се даде епитет на фаворит пре натпреварот секогаш добриот Тотенхем.

Пред овој натпревар, Жозе го однесе својот стручен штаб на вечера, а потоа го затекнаа новинарите и доби шанса за повторно нешто да каже.

„Навивачите беа фантастични во двата натпревари. Не за мене, туку за играчите. Но така треба и да биде. Не сум себичен, во својата кариера никогаш не сум размислувам за себе и секогаш бев за клубот. Тоа сум јас, затоа сум среќен што ги поддржуваат момците, мене не мора да ме поддржуваат“ признава Мурињо.

„Фантастично е тоа кога навивачите го поддржуваат тимот и тогаш кога ќе изгубите од Брајтон. Играчите тоа треба да го препознаат и да го наградат“.

А на прашањето на еден новинар, дали Жозе е задоволен со екипата која ја има, Португалецот одговори: „Ти најдобро го знаеш мојот одговор“.