Connect with us

Фудбал

Мурињо доби необична понуда

Жозе Мурињо сигурно ќе добива разни понуди сега кога е слободен, а една наводно стигна од Аргентина.

Мурињо пред неколку дена доби отказ на „Олд Трафорд“, што и не е за чудење со оглед на резултатите на Јунајтед во последно време, а капката која ја прели чашата очигледно беше поразот на „Енфилд“ од Ливерпул со 3:1.

Меѓутоа, без сомнение Мурињо лесно ќе дојде до ангажман доколку тој тоа го сака, а веќе има и неколку понуди.

Наводно Николас Бурдисо кој во Интер беше трениран од Мурињо, а кој денеска работи како спортски директор на Бока Јуниорс го контактирал Мурињо. Бурдисо неодамна дојде во овој клуб и сега го сака Мурињо на клупата на Бока.

Сепак, Мурињо одлучи малку да се одмори од фудбалот и дури на лето ќе бара нов ангажман.