Фудбал
Мурињо го отпиша Деле Али, ПСЖ неговиот нов клуб?
Англискиот репрезентативец Деле Али најверојатно ќе го напушти Тотенхем.
Жозе Мурињо го отпиша Деле Али, кој не беше во тимот ниту во натпреварот од 2.коло од Премиер лигата против Саутемптон, па играчот за врска треба да бара нов тим
Жозе Мурињо изјави дека во протоколот на Тотенхем има голем број играчи и дека секогаш мора да се елиминира некој квалитетен, со што се обидува да ја оправда одлуката дека не смета на еден од најдобрите играчи на тимот минатата сезона на почетокот на новата сезона.
Во меѓувреме, британски „Телеграф“ објави дека фудбалерот е близу до преселба во француски ПСЖ.
Тотенхем сакаат да се ослободат од играчот од средниот ред и да заработат пари, па затоа се подготвени да го продадат на Париз, а на францускиот шампион никогаш не му здосадуваат звучни засилувања.