Connect with us

Фудбал

Мурињо импресиониран од борбеноста на Бристол Сити

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, им честиташе на играчите од Бристол за победата и истовремено изрази зачуденост за нивната голема борбеност.

Тие имаа среќа, но се бореа за неа. Не победија во нашиот најдобар момент, кога едноставно не можевме да реагираме, бидејќи сите очекуваа наш гол. Одиграа одлично, се бореа како да им зависи животот од овој натпревар. За нив е голем успех што како членки на пониска лига стигнаа до полуфиналето. Честитки за големиот резултат, изјави Португалецот.

Бристол Сити синоќа го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 и се пласира во полуфиналето на Карабао Купот.

Во полуфиналната фаза тимот од Бристол ќе игра со Манчестер Сити, а другата полуфиналена двојка е Челзи – Арсенал.