Фудбал
Мурињо испрати порака до своите “фанови”
Спасот од новата бламажа како менаџер на Манчестер Јунајтед, контроверзниот Жозе Мурињо го прослави во свој стил, со зборови и дела. Јунајтед во 5. коло од групната фаза во Лигата на шампиони забележа минимална победа над швајцарскиот претставник Јанг Бојс, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 91. минута беше дело на Маруане Фелаини.
Веднаш по постигнатиот погодок, “специјалниот” почна да ги шутира шишињата со вода, а потоа ја зема цела корпа со шишиња, ја дигна над својата глава и потоа ја тресна од земја.
- Тоа беше комбинација од олеснување, фрустрација и бес. Овој натпревар не смееше да заврши 0:0, не смеевме да се мачиме до последната минута, требаше порано да го решиме. Не бев лут на своите играчи, бев лут затоа што не можевме да постигнеме погодок. Дадоа се од себе и затоа бев воодушевен кога постигнаа погодок. Имам порака за сите мои “фанови#. Играв 14 пати во групната фаза од ЛШ и секогаш се пласирав во следната фаза. Секогаш! Кога не играв во ЛШ играв во Лига Европа. Два пати и два пати го освојував трофејот. Еве еден интересен податок за моите фанови и фановите на статистиката, изјави Мурињо.