Connect with us

Фудбал

Мурињо ја чекаше, и ја дочека слатката одмазда против Пол Сколс

Жозе Мурињо се уште работи како стручен коментатор во Англија додека чека на новиот тренерски ангажман.

Мурињо кон крајот на минатата година доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед поради лошите резултати, па реши да ја прифати понудата на англиската телевизија за да биде стручен коментатор.

Португалскиот стручњак се поврзуваше со неколку клубови во последно време, а најмногу со Реал Мадрид. Сепак, не дојде до договор и сега јасно е дека Мурињо ќе го чека крајот на сезоната за да ги разгледа новите понуди.

Овој викенд повторно гостуваше во емисијата за Премиер лигата и жестоко го критикуваше Пол Сколс кој даде оставка од тренерското место на Олдхам Атлетик.

Сколс беше еден од најголемите критичари на Мурињо додека беше во Јунајтед, а сега Португалецот жестоко му се одмазди.

„Пол Сколс ме критикуваше кога бев менаџер на еден од најдобрите клубови на светот. Тој сега беше тренер на Олдхам 31 ден. Подобро му е да се врати во студиото“ рече Мурињо.