Фудбал
Мурињо ја шокираше цела Аргентина поради Дибала: Не сум доктор, но…
Пауло Дибала заработи повреда синоќа кога го изведе пеналот од кој го постигна гол за победа на Рома против Лече.
Рома синоќа на Олимпико со многу мака успеа да го победи Лече со 2:1 иако гостинскиот тим во поголемиот дел од натпреварот играше со играч помалку.
“Волчицата“ до победата стигна во 48. минута од натпреварот кога судијата досуди пенал за домашните по прекршокот над Абрахам, а Дибала беше сигурен од белата точка за конечни 2:1.
Сепак Дибала се повреди при изведувањето на пеналот и почувствува болка во бутот на левата нога бидејќи очигледно на незгоден начин ја удри топката и веднаш покажа дека нешто не е во ред.
Аргентинецот не го ни прослави голот како што треба и неколку секунди подоцна побара замена, а наместо него на теренот влезе Немања Матиќ.
Веднаш се виде дека повредата на Дибала е од посериозна природа, а тоа по натпреварот го потврди и Жозе Мурињо.
Ова особено ја загрижи јавноста во Аргентина бидејќи Дибала нема да може да настапи на Светското првенство во Катар.
„Тоа е лошо, но всушност дури мислам дека е многу полошо отколку што изгледа сега. Не сум доктор, но според моето искуство и разговорот со Дибала, тешко дека ќе го видиме на теренот до крајот оваа година, изјави Мурињо.
Дибала денеска ќе биде подложен на дополнителни прегледи, по што треба да се знае сериозноста на повредата, како и колку долго аргентинскиот напаѓач ќе отсуствува од терените.