Connect with us

Фудбал

Мурињо конечно добива големо засилување? Забрзано се работи на трансферот на Колумбиецот

Веќе одамна се шпекулираше дека одличниот колумбиски стопер Џери Мина е отпишан од Барселона, и покрај одличните настапи на Мундијалот во Русија.

Сепак, интерес за него не недостасува. Откако се појави информацијата дека за неговите услуги се заинтересирани некои клубови од понизок ранг, пред неколку дена се појавија гласини дека Манчестер Јунајтед го сака Мина во своите редови.

Меѓутоа, Јунајтед немаше голем успех на трансфер пазарот ова лето, па Мурињо остана без голем број засилувања, со исклучок на Фред.

Сепак, сега неколку угледни медиуми, вклучувајќи го „Sky Sports“, пренесуваат дека Манчестер Јунајтед ги „забрза работите“, и дека моментално е во водство во трката за одличниот Колумбиец.

Наводно од „Олд Трафорд“ за 23-годишниот Мина се подготвени да издвојат 30-35 милиои фунти, а овој фудбалер би можел да биде одлично засилување за Мурињо кој силно сака да ја засили својата последна линија пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Мина е одличен и пред противничкиот гол, а тоа го покажа и на Мундијалот во Русија на кој успеа да постигне три погодоци во дресот на Колумбија.