Connect with us

Фудбал

Мурињо: Мбапe? Зошто зборуваме за тоа што ќе се случи за пет или десет години?

Килиан Мбапе за многу кратко време прерасна во вистинска ѕвезда, и изгледа дека добил специјален обожавател – Жозе Мурињо.

Португалскиот стратег во неговото последно интервју за „беИН Спорт“ јасно стави до знаење што мисли за квалитетите на младиот Французин кој многумина веруваат дека во годините што доаѓаат ќе биде најдобар играч во светот.

“Играч како Мбапе… Кога зборуваме за иднина не треба да се каже што ќе се случи за пет или десет години. Погледнете каков играч е веќе сега, апсолутно неверојатен”, изјави Мурињо.

Поранешниот тренер на Јунајтед, Интер, Реал Мадрид и Челзи, верува дека Мбапе во светот на фудбалот има највисока вредност.

“Најскапиот фудбалер во светот… Погледнете ја неговата возраст. Меси и Роналдо имаат повеќе од 30 години, Нејмар е 27… Во економска смисла, годините се важни и мислам дека играчот од кој што може да се профитира најмногу, а ако зборуваме за потенцијални трансфер тогаш тој е најскапиот во светот”, рече Жозе Мурињо.