Фудбал
Мурињо: Меси може да го донесе само клуб кој не ги почитува правилата, а ние не сме такви
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси минатата недела потврди дека ќе остане во Барселона и следната сезона.
На крајот на минатата сезона Меси побара раскинување на договорот со Барселона поради лоши односи и незадоволство од начинот на кој сегашните челници го водат клубот. Сепак, Барса не се согласи на раскинување на договорот и тие побараа од заинтересираните клубови да платат 700 милиони евра за Аргентинецот.
На крајот, тој реши да остане во Барса и следната сезона затоа што не сака да оди на суд со клубот што му даде сè. Но, јасно е дека следното лето Меси скоро сигурно ќе ја напушти Барселона како слободен агент.
Тој се поврзуваше најмногу со Манчестер Сити во последните неколку недели, но овој клуб не беше во можност да издвои толку пари за него. Откако заврши оваа сага, Жозе Мурињо реши да се огласи на темата, и на свој начин да го „боцне“ Манчестер Сити.
„Ние сме клуб кој го почитува Финансискиот фер-плеј. Меси може да оди само во клуб што не го почитува тоа и бидете сигурни дека Тотенхем не е тој клуб“, рече Мурињо.