Connect with us

Фудбал

Мурињо најави реконструкција, си заминува „вишокот“ од клубот

Црвените Ѓаволи со победата над Јеовил и официјализирањето на трансферот на Алексис Санчез, кој пристигна од Арсенал, а во спротивна насока заминувањето на Хенрик Михтаријан, Мурињо најави реконструкција.

Неколку дена по тоа навивачите на Јунајтед добија уште добри вести, бидејќи Жозе Мурињо одлучи да го продолжи договорот со овој клуб. Португалскиот стратег веќе има планови за следната сезона и јасно е дека „Црвените ѓаволи“ ќе бидат повторно активни на пазарот.

Мурињо веќе отпишал неколку играчи кои речиси сигурно ќе го напуштат Јунајтед. Тоа се Лук Шо и Матео Дармиан, кој не го импресираа Мурињо. Под знак прашалник е останувањето на Валенсија кој игра одлично, но Мурињо е свесен дека мора да ја засили неговата позиција, бидејќи Еквадорецот ќе го слави својот 33. роденден.

Доѓањето на Санчез ќе донесе и заминување во нападот. Златан Ибрахимовиќ најверојатно нема да остане по истекувањето на договорот, а непозната е ситуацијата и со Ентони Марсијал кој игра одлично.