Connect with us

Фудбал

Мурињо: Не ми се допаѓаат сите мои играчи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо “има чувство” дека Пол Погба ќе биде на Олд Трафорд и следната сезона.

Францускиот репрезентативец беше поврзуван со многу клубови, бидејќи не играл често за Јунајтед. Сепак, португалскиот стратег истакна дека било тешко да се пушти таков играч да замине од клубот.

„Мислам дека ќе биде тука за следната сезона. Такво е моето чувство. Клубот не сака да го продаде, и можам да потврдам дека никој не дојде кај нас со такво барање, ниту неговиот агент, ниту други клубови”. Во овој момент би рекол дека останува“, изјави Мурињо.

„Специјалниот“ додаде дека ќе мора да се помири со фактот дека клубот во ќе останат и играчите кои не се на потребното ниво.

„Некои од играчите мора да бидат константни. Потребно е да имаме поголем квалитет… Во некои имам повеќе доверба. Сигурен сум дека некои од нив ќе направат се што треба, за некои се надевам, а за некои се сомневам. Ако ги прашате и останатите менаџери од Премиер лигата ќе ви го кажат исто. Во мојот тим, имам играчи кои би ги заменил со подобри. Не ги сакам сите мои играчи, притоа мислам фудбалски“.

Јунајтед во четвртокот одигра против Вест Хема во заостанатиот натпревар од 31. коло.