Connect with us

Фудбал

Мурињо никогаш нема да се промени, погледнете какво шоу приреди во Турција, судијата му покажа жолст картон (ВИДЕО)

Жозе Мурињо никогаш нема да се промени! Португалецот оваа сезона седна на клупата на Фенербахче и не престана да прави шоу ниту во Турција. Неговиот тим ја совлада Анталија со 2:0, а на тој меч повторно виновни беа судиите. По голот на Душан Тадиќ од пенал за 1:0, вториот гол беше поништен. Мурињо воопшто не се согласи со тоа и прво протестираше кај судиите, а потоа отиде чекор понатаму.

Тој всушност на својот лаптоп пронашол видео од голот, на него пуштил видео забавено од голот и потоа го ставил пред камерите. Додека гледачите во Турција можеа да го видат лаптопот на Мурињо во кадарот, некој очигледно му пријавил на судијата, па судијата  му покажа жолт картон на лутиот Жозе. До крајот на натпреварот тимот од Истанбул успеа да постигне уште еден гол.