Connect with us

Фудбал

Мурињо по дебаклот од Удинезе: Подобро еднаш да загубиш 4:0 отколку четири пати по 1:0

Покрај одличните засилувања оваа сезона, Матиќ, Дибала, Вајналдум, Белоти, Рома и Жозе Мурињо не се убедливи. Синоќа доживеаја вистински дебакл на гостувањето кај Удинезе каде загубија со 4:0. Мурињо пред новинарите со изјава во свој стил.

„Против тимови како Удинезе не смеете да губите со 0-1, затоа што се бранат и опасни се на контра-напади. Ако примите гол, тогаш сте во проблем. Имавме шанси за пресврт, но не ги искористивме. Подобро е еднаш да загубам со 0-4, отколку четири пати со по 0-1“, вели Мурињо.